Милан го сака на позајмица Тодибо од Барселона

Италијанскиот калчолигаш Милан се обидува да го засили тимот за вториот дел од сезоната во Серија А. Моментното десетто место не ги задоволува амбициите на раководството, па Паоло Малдини одлета за Барселона на преговори со Ерик Абидал околу можноста да го доведе дефанзивецот Жан – Клер Тодибо на „Сан Сиро“.

Тој не добива шанса во составот на Ернесто Валверде, а Малдини верува дека би бил квалитетно засилување за одбраната на Милан во наредните шест месци. На маса е опцијата за позајмица до крајот на сезоната, со опција за перманентен трансфер доколку сите страни се согласни за тоа. Интерес за младиот Тодибо постои и од англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...