Милан го совлада Калјари со прекрасниот гол на Бенасер (ВИДЕО)

Милан потешко од очекувањата ги освои трите бода во дуелот со Калјари на гостински терен. Иако имаше повеќе удари кон противничкиот гол, и повеќе шанси, сепак, „росонерите“ на крајот можеа да останат и без бодовите откако домашните ја погодија пречката.

Победата ја донесе  Бенасер кој постигна прекрасен гол во 59. минута од средбата. Жиру му асистираше, а играчот од средниот ред прекрасно со волеј го најде патот до голот.

Милан максимално го искористи „киксот“ на градскиот ривал Интер кој одигра 1-1 против Удинезе на свој терен, за да му избега шест бода на табелата, иако Интер има и натпревар помалку.

Се вчитува...