Милан успеа да доведе врвно засилување за одбраната откако целосно го договори трансферот на Кајл Вокер од Манчестер Сити. Искусниот дефанзивец побара и доби раскин на договорот со „граѓаните“, по што од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на италијанскиот гигант, иако имаше многу побогати опции за преселба во Саудиска Арабија.
Управата на Милан ангажираше квалитетен и искусен фудбалер за последната дефанзивна линија, што може да игра како десен бек или централен дефанзивец, но останува во овој преоден рок да биде решен уште еден проблем – нов напаѓач да пристигне на „Сан Сиро“.
Преговорите со Маркус Рашфорд не вродија со плод, но „црвено-црните“ од Милано веќе го насочија вниманието кон друга опција од Премиер-лигата. Италијанските медиуми најавуваат дека преговорите се веќе стартувано, Феликс е далеку од првотимски статус кај „сините“, па Мареска дал зелено светло да замине на позајмица ако пристигне интересна понуда. Оваа опција е интересна и за Милан, па се очекува преговорите да се интензивираат во наредните денови и доколку биде најден заеднички јазик, Феликс да го облече дресот на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА