Милан губи важен играч: Барселона го договорила Кеси

Според извештаите од Италија и од Шпанија, Барселона постигнала начелен договор за премин на Франк Кеси во таборот на „Каталонците“. Кеси би дошол во Барса како слободен играч во јуни, и со тоа ги одбил понудите на Тотенхем, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.

На навивачите на Милан ова нема да им се допадне, затоа што се надеваа дека играчот од средниот ред ќе остане на „Сан Сиро“, но очигледно тоа нема да биде така.

Тој е во моментов на Африканскиот Куп на Нации со Брегот на слоновата коска. Според извештаите, Кеси во Барселона ќе заработува 8 милиони евра годишно плус бонуси.

Се вчитува...