Милан и Ибрахимовиќ ја продолжуваат соработката – Швеѓанецот ќе инкасира мега-заработка

Милан и Златан Ибрахимовиќ се согласија да ја продолжат соработката до јуни 2022 година, а договорот треба да биде потпишан во наредните денови.

Швеѓанецот ќе заработи 6,5 милиони евра како фиксна плата во таа година, со можност неговата плата да се искачи на седум милиони евра доколку бидат исполнети сите бонуси, пренесува „Скај Спорт“. Оваа плата претставува мега заработка за некој фудбалер кој е на залезот од својата кариера и ги има годините како Ибрахимовиќ, па Златан на овој начин најави дека намера да оди во пензија и дека ќе продолжи да игра на зелените терени.

Ибрахимовиќ за Милан оваа сезона постигна 15 погодоци на 16 натпревари, а сега ќе добие можност уште една сезона да го предводи нападот на италијанскиот великан.

Се вчитува...