Милан и Интер пресекоа: Нема „делба“, два нови модерни стадиони ќе бидат изградени во Милано

Интер и Милан се откажаа од идејата за изградба за нов стадион што двата италијаски гиганти би го користеле заеднички во иднина. Веќе беше обелоденет планот по уривањето на легендарниот „Сан Сиро“ клубовите да изградат нов заеднички супермодерен стадион, што ќе продолжат да го делат исто како што тоа е случај и со сегашната арена, уште од далечната 1947 година.

Пред повеќе од три години беше претставен и заедничкиот проект за уривање на стариот и изградба на новиот стадион на истото подрачје, но италијанската бирократија ги промени плановите  на сопствениците на клубовите од Милано.

Како што јавува „Газета дело спорт“, откако пропаднал и последниот обид за добивање на неопходните дозволи, и Интер и Милан се решиле за изградба на посебни стадиони на различни локации во градот.

„Росонерите“ уште минатата седмица објавија дека тргнуваат во самостоен проект за изградба на сопствен стадион во населбата ЛА Маура, додека Интер ќе се „сели“ во југозападниот дел од Милано, во делот Асаго, каде претседателот Жанг веќе потпиша договор за откуп на земјиштето каде се очекува следната година да се стартува со изградбата на стадионот на Интер.

Се вчитува...