Милан продолжи со добрите игри на турнејата низ САД откако по триумфот над Манчестер Сити италијанскиот гигант рано утрово славеше и во пресметката со европскиот првал Реал Мадрид.
„Росонерите“ делуваат препородено под водство на новиот тренер Фонсека, особено младиот Чуквуезе, кој блескаше и на дуелот против Реал Мадрид, постигнувајќи го единствениот гол на мечот по еден одличен контранапад на својот тим.
Реал Мадрид настапи без бројни првотимци како Винисиус, Мбапе, Родриго, Валверде, со голем број младинци особено во второто полувреме, така што Карло Анчелоти нема да биде премногу загрижен по поразот од својот проанешен клуб.
🇳🇬 @chukwueze_8 stars in US Tour victory number two ✌️🇺🇸
AC Milan 1-0 Real Madrid ⚽#SempreMilan #MilanOnTour pic.twitter.com/gMGZmuOo16
— AC Milan (@acmilan) August 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА