Милан ја преживеа глупоста на Ибрахимовиќ

Милан по голема битка успеа да слави на гостувањето во Парма со 1-3, меч на кој „росонерите“ триесетина минути одиграа со фудбалер помалку по исклучувањето на Златан Ибрахимовиќ.

Фаворитот делуваше доминантно во првото полувреме, Ребиќ го отвори резултатот на асистенција на Ибрахимовиќ, а пред да се замине на одмор Кеси зголеми на 0-2. И наместо вториот дел да биде рутина, Ибрахимовиќ поради приговор кон судијата заработи директен црвен картон оставајќи го својот тим на цедило.

Парма веднаш успеа да намали на 1-2, но домаќините немаа сили за целосен камбек, иако создадоа неколку полушанси за постигнување и на втор гол. Печат на мечот стави Леао, кој стрелаше прецизно во 95. минута на асистенција на Дало, акција на двајца играчи кои влегоа во игра во второто полувреме.

Се вчитува...