Милан ја реши Џенова, 15 минути за Пандев (ВИДЕО)

Милан запиша победа од 2-1 против Џенова во 31. коло од Серија А во натпревар во кој „миланезите“ се мачеа но стигнаа до трите бода благодарение на автоголот на Скамача во второто полувреме.

Ребиќ со гол уште во 13. минута ги доведе домашните до предност од 1-0.

Но, Дестро во 37. минута успеа да го израмни резултатот, за да со автоголот на Скамача во 68. минута, Милан дојде до победата.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ги одигра последните 15 минути од натпреварот, влегувајќи во игра во 74. минута на местото на Касата.

 

Се вчитува...