Милан е во потрага по нови имиња, кои ќе го вратат тимот кон старите шампионски патеки. За таа цел „росонерите“ почнале преговори со играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Гранит Џака.
Швајцарецот треба да го замени Тијани Рејндерс, кој пред неколку дена замина во Мначстер Сити. Интересот на Милан за Џака е од почетокот на месецов, и италијанскиот тим ќе ги продолжи преговори за негов потпис.
Актуелниот договор на Џака со „фармацевтите“ од Леверкузен истекува во 2028 година. Минатата сезона за Баер одигра 50 меча, имаше два гола и седум асистенции. Во минатото настапуваше во Борусија Менхенгладбах и Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА