Милан ќе му понуди на Ибра нов договор со двојно помала плата

Златан Ибрахимовиќ би можел да го продолжи договорот со Милан на уште една сезона. Според информациите, „росонерите“ се подготвени да му понудат нов договор на Швеѓанецот, кој во октомври ќе наполни 41 година, со кој напаѓачот ќе мора да прифати намалување на платата.

Во моментов Ибрахимовиќ заработува околу 7 милиони евра годишно, а сега според новиот договор Ибра би заработувал речиси двојно помалку. Имено, „црвено-црните“ му нудат на голгетерот 3 милиони евра, плус бонуси. Но, бонусите може да достигнат и два милиони годишно, што би значело дека ќе биде околу 5 милиони годишно.

Ибрахимовиќ за својата иднина ќе одлучува по бараж мечевите. Тој изрази желба да игра со Шведска на Мундијалот во Катар.

Се вчитува...