Милан ќе остане без клучен играч поради еден милион евра

Хакан Чалханоглу е еден од клучните фудбалери на Милан и оваа сезона, но лесно може да се случи турскиот репрезентативец летово да го напушти Милан без никаква отштета, по новиот застој во преговорите за потпис на нов договор.

Актуелниот договор на Чалханоглу истекува на крајот од сезонава и тој летово ќе може да си замине без никаква отштета, а челниците на Милан никако не успеваат да ги договорат условите за продолжување на соработката. Според најновите информации на весникот „Газета дело спорт“, проблемот е во сума од еден милион евра. Чалханоглу инсистира на двојно зголемување на платата, од 2,5 на 5 милиони евра по сезона, додека последната понуда на „росонерите“ изнесувала четири милиони евра годишна плата.

Останува нејасно зошто клубот од Милано толку одолговлекува со оглед на големиот ризик летово да остане без клучен играч, па потоа на доведување на негова замена ќе мора да биде потрошено богатство. Целата ситуација ја следат челниците на Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Интер, кои се сериозно заинтересирани да доведат ваков одличен играч без никаква отштета.

Се вчитува...