Милан купува напаѓач од Мадрид?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Анхел Кореја е на мета на Милан, а раководството на „росонерите“ е подготвено да понуди 55 милиони за аргентинскиот интернационалец.

Од италијанскиот клуб се сигурни дека на „Сан Сиро“ можат да го донесат 24-годишниот фудбалер, но за тоа да се случи ќе мора да се откажат од услугите на Патрик Кутроне кој треба да замине во Вулверхемптон и Андре Силва за кого е заинтересиран Евертон.

Кореја во 2014 од редовите на Сан Лоренцо премина во Атлетико Мадрид, а минатата сезона постигна пет гола и забележа четири асистенции на 49 натпревари.

Се вчитува...