Милан лесно ја совлада Салернитана (ВИДЕО)

Екипата на Милан лесно со 2:0 ја совлада екипата на Салернитана, и оствари нова победа во битката за врвот на Серија „А“. Победата на „росонерите“ ја донеса головите на Кеси и на Салемакерс во 5. минута, односно во 18. минута.

До крајот на мечот Милан имаше уште неколку шанси за поубедлив триумф, но не успеа да го најде патот до голот. На овој меч тренерот Пиоли се реши да го одмори Ибрахимовиќ, кој остана на клупата, а Тонали влезе во вториот дел.

Милан за момент се најде на првото место на табелата, и сега ќе се надева Наполи да не триумфира над Аталанта за да остане на таа позиција подолго време.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...