Милан на продажба: Конзорциум од Бахраин застанува на чело на „росонерите“

Италијанскиот гигант Милан наскоро би можел да добие нови сопственици откако беше обелоденето дека конзорциумот од Бахраин, „Инвесткорп“ веќе почнал сериозни преговори со групацијата Елиот за да го преземе контролниот пакет на акции на „росонерите“.

Американците го зедоа клубот при големи долгови и успеаја да го застанат на здрави нозе, Милан е на добар пат втора година по ред да обезбеди учество во Лигата на Шампионите, а челниците на „Елиот“ се подготвени добро да ја наплатат продажбата, особено откако „Инвесткорп“ најавил понуда далеку повисока од она што Американците досега го имаат вложено во клубот.

Информацијата прва ја објави францускиот весник Л’Екип, а нешто подоцна еден од директорите на Милан во изјава за „Ројтерс“ потврди не само дека постои интерес од конзорциумот од Бахраин, туку и дека преговорите веќе се наоѓаат во напредна фаза.

Во меѓувреме, екипата на Милан продолжува со трката за скудетото, па „росонерите“ вечерва ќе ја пречекаат Џенова во новата рунда од Калчо-лигата.

Се вчитува...