Паоло Малдини и Милан се најактивни на фудбалскиот пазар во Италија во јануари, веќе е потпишан Меите како засилување за средниот ред, договорено е пристигнувањето на Марио Манџукиќ, а „росонерите“ успешно ја завршија и потрагата по нов дефанзивец. Откако во последен момент им пропадна трансферот на Сикаман од Тулуз поради повредата на коленото на овој дефанзивец, челницит ена Милан почнаа преговори со Челси и го договорија доаѓањето на Фикајо Томори.
Станува збор за млад и талентиран одбранбен фудбалер кој сепак не е дел од плановите на Френк Лампард, досега одигра само 234 минути за Челси (поголемиот дел од нив во лига-купот на Англија), но Малдини и тренерот Пиоли се убедени дека Томоти може да заврши одлична работа во младиот состав на Милан.
Договорено е тој да пристигне на „Сан Сиро“ на шестмесечна позајмица, а лекарските прегледи и потписот на договорот најверојатно ќе се случат во текот на утрешниот ден. Доколку „росонерите“ се задоволни од настапите на овој фудбалер, ќе имаат можност за отштета од 30 милиони евра целосно да го откупат неговиот договор со Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА