Милан не ризикува, Златан ја пропушта и Џенова

Милан ќе мора да се снаоѓа без помошта на Златан Ибрахимовиќ и за вечерашното гостување во Џенова, одлучи тренерот Пиоли по консултациите со лекарскиот тим на „росонерите“. Швеѓанецот два дена тренираше со остатокот од тимот, но меѓу „росонерите“ владее загриженост дека избрзан камбек може да доведе до нова повреда и уште подолга пауза за клучниот фудбалер на овој тим.

Поради тоа, Ибрахимовиќ воопшто нема да патува со екипата за гостувањето против Џенова, ќе продолжи со тренинзи во Милано и се очекува својот камбек да го има на наредниот меч од Калчо-лигата против Сасуоло. Милан моментно е првопласиран на табелата во Калчо-лигата, со три бода предност пред второпласираниот Интер.

На спротивната страна, ослабена за вечерашниот натпревар ќе биде и Џенова, во чии редови поради повреда на грбот нема да може да настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Се вчитува...