Милан нема да го менува Монтела, засега…

На Милан не му оди најдобро на почетокот на сезоната во Серија А, посебно откако клубот вложи 200 милиони евра во нови засилувања во летниот преоден рок. Вчера „росонерите“ го загубија дербито со Рома на „Сан Сиро“, што беше трет пораз од стартот на шампионатот. Но, и покрај тоа раководството на клубот нема да интервенира и ќе му даде доверба на тренерот Винченцо Монтела.

„Загубивме дерби натпревар, но игравме против одличен тим, и доминиравме во поле 70 минути. Во одредени моменти и немавме доволно среќа. Сепак, расположението и вкупната оценка се сосема поинакви од натпреварот со Сампдорија. Секогаш можеме да бараме виновници, но ние треба да размислуваме реално. Одигравме само седум натпревари, имаме нов тим, а не постои тренер кој има волшебно стапче и може веднаш се да промени. Не можеме веднаш да имаме резултати. Засега не сме загрижени. Монтела работи добро“, изјави спортскиот директор на Милан, Масимо Марабели.

На Милан по репрезентативната пауза му следи градското дерби против Интер.

Се вчитува...