Италијанскиот калчолигаш Милан мора да одговори на големиот предизвик што го носи коронавирусот на финансиски план и ќе направи комплетни промени за следната сезона, откриваат медиумите на Апенините. Инвестицискиот фонд „Елиот“ застана зад извршниот директор Иван Газидис во битката против Звонимир Бобан и Паоло Малдини, Хрватот веќе си замина од клубот, а во летниот преоден рок тимот ќе остане без Златан Ибрахимовиќ и без Џанлуиџи Донарума.
Нов тренер на Милан треба да биде германскиот стратег Ралф Рангник, а тој ќе добие задача да го подмлади тимот. Како прво засилување се споменува дефанзивецот на Челси, Андреас Кристенсен. Овој 23-годишен фудбалер има договор со Челси до 2022 година, но најверојатно ќе добие дозвола од Франк Лампард да си замине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА