Милан продолжува со засилувања, пристигнува и Борини

Фабио Борини од следната сезона ќе го носи дресот на „росонерите“, откако Сандерленд се согласи да го пушти на позајмица. Милан ќе му исплати на англискиот клуб еден милион фунти за една година, а доколку има успешна сезона, Борини ќе остане играч на италијанскиот клуб за сума од дополнителни 5 милиони фунти. Се очекува фудбалерот да ги помине медицинските прегледи во наредните неколку дена.

Напаѓачот првично преговараше со Лацио, но со понуда влета Милан и го ‘грабна’ од рацете на Симоне Инзаги. 26-годишниот поранешен репрезентативец на Италија, ќе биде петтото засилување на клубот, по Мусакио, Родригез, Андре Силва, и Френк Кеси.

Се вчитува...