Милан Ристовски: На три бода против Казахстан

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година по двете стартни победи во квалификацискиот циклус, утре на домашен терен го пречекува Казахстан. Напаѓачот Милан Ристовски, кој игра во одлична форма во Словачка, вели дека целта се нови три бода.

„Против Црна Гора остваривме значајна победа, иако натпреварот воопшто не беше лесен. Сепак, и покрај некои наши грешки и недостатоци во играта за кои зборуваме и работиме со селекторот и стручниот штаб, успеавме да победиме и да го добиеме посакуваниот резултат. Натпреварот со Казахстан ќе биде сосема поразличен. Противникот е квалитетен, физички се силни, но сметам дека со правилен пристап можеме да дојдеме до нови три бода. Не се сомневам дека заеднички повторно ќе дадеме сѐ од себе и на крајот ќе се радуваме”, вели Милан Ристовски.

Избраниците на Благоја Милевски утре со почеток во 14.30 часот ќе го пречекаат Казахстан на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...