Милан Ристовски пред трансфер во Втората Бундес-лига

Младинскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски е пред трансфер во Втората Бундес-лига. За него сериозен интерес покажува германскиот клуб Ауе и преговорите се во завршна фаза. Трансферот треба да изнесува 500.000 евра. Милан Ристовски е под договор со хрватскиот клуб Ријека, а во последните две сезони настапуваше како позајмен фудбалер во словенечкиот клуб Кршко и во словачкиот прволигаш Нитра.

Последната сезона одигра навистина квалитетно во дресот на Нитра, постигна девет гола во словачката Фортуна лига и го сврте кон себе интересот на германските клубови. Покрај Ауе, за него се интересира и Падерборн, клубот кој минатата сезона беше дел од Бундес-лигата, но испадна од елитата и идната натпреварувачка година ќе се натпреварува во втората по квалитет фудбалска лига.

Се вчитува...