Милан сака да го купи Мемфис Депај за 20 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Милан сака да ја искористи глобалната криза предизвикана од коронавирусот и да го доведе холандскиот репрезентативец Мемфис Депај за само 20 милиони евра. Раководството на „росонерите“ испрати понуда до Лион според која францускиот клуб би имал и процент од следниот трансфер на одличниот напаѓач. Ваква понуда секако би била смешна пред појавата на Covid-19, но во новонастанатата ситуација делува интересна дури и за Лион, со оглед дека Депај ќе влезе во последната година од актуелниот договор со клубот.

Лион поради предвременото завршување на сезоната во Франција остана и без пласман во Европа, па тоа е дополнителна причина и Мемфис Депај да ги разгледува опциите за заминување. Тој се опоравува од тешката повреда на коленото, а претходно имаше импресивен ефект од 14 гола на 18 натпревари во дресот на Лион.

Се вчитува...