Милан сака да продолжи со Тео Хернандез, но Челси ги „мати сметките“

Милан почна преговори за продолжување на договорот со Тео Хернандез до 2026 година. Според најавите, Французинот би требало да се согласи на плата од 4,5 милиони евра по сезона, плус бонуси. Сегашниот договор на Тео истекува во 2024 година.

Меѓутоа сега Челси може да ги „помати сметките“ на Милан, со оглед дека се интересира за играчот и подготвен е да му понуди поголема плата. Проблем за „сините“ од Лондон може да биде фактот што „росонерите“ за него бараат 60 милиони евра за да го пуштат.

Тео беше поврзуван со трансфер во ПСЖ и Манчестер Сити, но се реши да остане во Милан.

Хернандез дојде во Милан во 2019 година за 21 милиони евра од Реал Мадрид, и се наметна како еден од најдобрите играчи на Милан и во Европа на неговата позиција, како офанзивен лев бек.

Се вчитува...