Милан се разбуди, настрада Сасуоло

Милан конечно ја прекина серијата од три нерешени натпревари и стигна до триумф на гостувањето против Сасуоло (1-4), спасувајќи ја кожата на тренерот Џенаро Гатузо кому во случај на пораз му се закануваше отказ.

Гатузо се соочи со сериозен проблем бидејќи на овој меч не можеше да смета на Игуаин, но експериментот со Кастилјехо како најистурен играч во нападот се исплатеше. Милан четирите погодоци ги постигна со удари надвор од шеснаесетникот, најпрвин Кеси го отвори резултатот со извонредна соло-акција што ја почна од сопствениот шеснаесетник, за во вториот дел со убави погодоци да се надоврзат и Сусо и Кастилјехо.

Сасуоло до крајот на натпреварот успеа само да го ублажи поразот преку Ѓуричиќ во 66. минута, за Милан да стави точка со вториот гол на Сусо во четвртата минута од судиското продолжение.

 

Се вчитува...