Милан со нова понуда: Фабрегас од јануари на „Сан Сиро“!?

Италијански Милан подготви нова понуда со која од јануари, како што пренесуваат италијанските медиуми, дефинитивно се впушта во трката за ангажман на Сеск Фабрегас.

Фабрегас и претходно се поврзваше со трансфер во Милан, но оваа зима и дефинитивно се очекува да го напушти Челси а Милан тоа сака да го искористи. Договорот на Фабрегас со Челси завршува во јуни 2019 година поради што Челси во јануари посакува заработувачка од негов трансфер.

Шпанскиот репрезентативец, кој потекнува од школата на Барса, во 2003 година за 3,2 милиони евра премина во редовите на Арсенал каде остана до 2011 година. Потоа за 34 милиони евра се врати на „Ноу Камп“ за да по три години повторно се врати во Лондон, но овој пат во дресот на Челси.

Се вчитува...