Милан со нова рокада: Бенасер си замина, неговиот наследник доаѓа од Монца

Милан дефинитивно е најактивниот тим на фудбалскиот пазар во последниот ден од преодниот рок, откако „росонерите“ комплетираа уште една рокада.

Откако ги доведоа Жоао Феликс и Хименез во нападот по заминувањето на Алваро Мората, челниците на Милан се решија за мини-ремонт и во средниот ред. Бенасер повеќе не е член на овој клуб откако беше прифатено неговото барање за трансфер, па алжирскиот интернационалец замина на позајмица до крајот на сезонава во Олимпик Марсеј.

Неговата замена доаѓа од тимот на Монца, откако „росонерите“ вечерва го договорија трансферот на Ворен Бондо, за сума од 10 милиони евра. Овој фудбалер би требало да донесе цврстина во средниот ред на Милан, нешто што недостигаше кај тимот на Консеисао во последниот месец. Покрај парите, Монца го добива младинскиот репрезентативец на Италија, Кевин Зероли, на позајмица од Милан до крајот на оваа сезона.

Се вчитува...