Милан тргнува по потпис на едно од најголемите промашувања на Баерн Минхен

Милан е во потрага на наследникот на Френк Кеси, а италијанските медиуми пренесуваат дека изборот паднал на едно од најголемите промашувања на Баерн Минхен, Ренато Санчез, португалскиот репрезентативец кој пред потписот со баварците важеше за еден од најдобрите играчи на својата генерација.

Играчот за врска премина во Германија во 2016 година во трансфер вреден 35 милиони евра како 19 годишник, но не го исполни својот потенцијал. Во дресот на баварците помина четири години од која една на позајмица во Свонси, а од 2019 година е дел од Лил.

Во францускиот состав 24-годишникот успеа да ја врати претпознативата форма од Бенфика, а со тоа повторно ги примами погледите на трансфер пазарот. Сега опција се „росонерите“ кои се подготвени да платат до 30 милиони евра за неговиот ангажман.

Се вчитува...