Милан стигна до првата победа во новата сезона од Серија А, совладувајќи ја Рома на „Сан Сиро“ со 2-1. „Росонерите“ во драматична завршница стигнаа до триумфот, откако Кутроне победничкиот гол го постигна во петтата минута од судиското продолжение.
Франк Кеси прв го доведе Милан во водство во 40.минута, но Фазио успеа да израмни во 59.минута, со одличен полуволеј од 12 метри. И на двата тима им беше поништен по еден погодок со ВАР – технологијата, а на крајот сепак Милан им се радуваше на трите бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА