Милан за едно полувреме го реши Лацио во Копа Италија (ВИДЕО)

Милан е вториот патник во полуфиналето на Копа Италија откако вечерва во четвртфиналето го прегази Лацио на домашен терен со 4-0. Рафаел Леао во 24. минута донесе водство од 1-0 за „росонерите“. До крајот на првиот дел веќе беше 3-0 со двата гола на францускиот интернационалец Оливие Жиру во 41. и 46. минута.

Во вториот дел конечните 4-0 ги постави Френк Кеси во 79. минута. Во полуфиналето Милан за противник ќе го има градскиот ривал Интер кој минатиот викенд го доби во Серија А со 1-2.

Останатите четвртфинални парови ги сочинуваат: Аталанта – Фиорентина и Јувентус – Сасуоло.

Се вчитува...