Милано прави дрим-тим: По Хајнс, потпишан уште еден голем ас

Италијанскиот гигант Милано подготвува сериозен проект за напад на трофејот во Евролигата, откако почна со доведување на екстра-засилувања уште на самиот почеток од овој преоден рок. Прва „ѕвезда“ што пристигна во Милано беше Кајл Хајнс, а на американскиот крилен центар од ЦСКА денеска му се приклучи и Маклом Дилејни.

Одличниот плејмејкер го раскина договорот со Барселона одбивајќи да доигра сезоната во АЦБ-лигата, по што експресно ги финишираше преговорите за преселба на Апенинскиот полуостров.

„Пресреќен сум што станувам дел од овој амбициозен проект. Едвај чекам да дојдам во Италија и Милано да биде мојот нов дом“, изјави Дилејни, кој претходно со успех настапуваше и за Локомотив Кубан, ЦСКА Москва и Баерн Минхен, а имаше и кратка авантура во Кина.

Челниците на Милано не планираат да запрат со засилувањата, откако ги интензивираа преговорите за ангажман на Џиџи Датоме и Дерик Вилијамс од Фенербахче.

Се вчитува...