Милано преку АСВЕЛ до „два од два“ во Евролигата

Илатијанскиот Милано стигна до втората победа во годинашното издание на Евролигата, откако на домашен терен славеше над францсукиот АСВЕЛ со 87-73.

Италијанскиот тим во текот на целиот меч го контролираше резултатот, но до сигурна предност успеа да стигне дури во последната четвртина. Шевон Шилдс со 17 поени, надополнети со седум скока беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Амин Нуа уфрли 12 поени.

По два натпревари Олимпија Милано има сто отстотен учинок, додека францускиот АСВЕЛ се уште е без триумф.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...