Милано се засили со доскорешен кошаркар на Макаби

Алекс Појтрес е нов кошаркар на Олимпија Милано, потврди италијанскиот евролигаш. 29-годишникот во „градот на модата“ доаѓа по една сезона помината во Макаби Тел Авив и потпиша соработка на само една сезона.

Појтрес претходната сезона поради повреда настапи на само 16 натпревари за тимот од Тел Авив на кои забележа просек од 7.8 поени и 3.6 скокови што не беше доволно за Израелците да ја активираат опцијата за продолжување на соработката и во сезоната 2023/24.

Се вчитува...