Миле Свилар се враќа во репрезентацијата, и повторно ќе брани за Србија

Новиот селектор на Србија, Вељко Пауновиќ има за цел да врати неколку играчи во репрезентацијата. Меѓу нив се и браќата Милинковиќ-Савиќ, но Пауновиќ сака да го има за голман и чуварот на мрежата на Рома, Миле Свилар.

Свилар бранеше за селекциите на Белгија, а потоа доби повик и за Србија. Одигра еден меч, и потоа сакаше одново за Белгија, но не можеше, затоа што веќе еднаш го имаше сменето спортскиот пасош. Поранешниот селектор Драган Стојковиќ – Пикси не го повикуваше Свилар во селекцијата, а сега Пауновиќ сака тоа да го промени.

Со тоа Србија би имала тројца врвни голмани на располагање. Покрај Свилар, тука е Вања Милинковиќ-Савиќ од Наполи, и Ѓорѓе Петровиќ од Борнмут, а во комбинација исто така е и Предраг Рајковиќ од Ал-Итихад.

Се вчитува...