Милер со гол од „мртов агол“ го реши Шалке

Баерн Минхен ја потврди својата доминација во Бундес-лигата со нова дерби-победа, овојпат на домашен терен против Шалке со минимални 2-1.

Баварците сосема заслужено стигнаа до цел плен, а голот за победа беше мало ремек-дело на Томас Милер, кој биеше од мртов агол и го изненади гостинскиот голман, кој очекуваше центаршут, па мораше да ја вади топката од мрежата.

Претходно, Левандовски го отвори резултатот по неполни три минути игра на „Алијанц Арена“, на 1-1 израмни Ди Санто во 29. минута, за Милер седум минути подоцна да ги постави конечните 2-1.

Баерн со оваа победа има вкупно 56 бода, дури 18 повеќе во однос на второпласираниот Лајпциг.

Се вчитува...