Милев: Кога веруваме во себе можеме да победиме секого

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Херојот на одбојкарската репрезентација на Македонија во победата над Словенија од 3-1, Владо Милев кој одигра неверојатно во финишот на четвртиот сет, вели дека во спортот нема фаворити доколку веруваш во себе.

„Одигравме натпревар како што посакувамве. Во спортот нема фаворити има само желба за игра. Ако веруваме во себе како денеска можеме секако да победиме. Тоа го покажавме и последниот сет со Русија и мечот со Бугарија. Сите ние сме луѓе, ако дадем максимум ние имаме квалитет да играме против секого. Ако успееме да влеземе во осминафинале не е важно против кого ќе играме ние ќе дадем максимум“, изјави Милев.

Македонија е на чекор до пласман во осминафиналето, но ќе мора во полза да ни одат и останатите натпревари во групата.

Се вчитува...