Милевски: Добивме еден убав шамар!

Селекторот Благоја Милевски, видно незадоволен до играта и од резултатот на денешниот натпревар против Азербејџан, кажа дека ова е еден убав шамар пред квалификациите за ЕП 2023 година.

Тој кажа дека сите треба да го стават прстот на чело и дека селекцијата треба да се освести пред квалификациите.

„Честитки на противникот за победата и одличниот натпревар. И тоа како ќе ни послужат овие два натпревари. Ако во некои сегменти бев задоволен со Финска, на денешниот меч можеби имаше позитивни работи до примањето на голот, но од друга страна е мора да сум искрен, еден убав шамар за сите нас и мора да си го ставиме простот на чело и да се замислиме сите добро, како и колку го почитуваме македонскиот дрес. Од себе до сите играчи и членови на тимот. Добро е што дојде тој шамар сега. Не се сомневам дека ќе бидеме подготвени, него подготвени во своите глави дека нема лесни противници, да сфатиме дека во фудбалот нема импровизации. Мораш да имаше прво самопочит кон самиот себе, почит кон ова што го носиме тука сите од нас, за да можеш да го почитуваш моментот што си дел од репрезентацијата на Македонија“, изјави Милевски и веднаш дополнувајќи:

„Проблем е што немаме замена за оние седум фудбалери. Како што кажав добро е што овој шамар доаѓа пред квалификациите, и треба да се освестиме и да бидеме максимално подготвени за квалификациите“.

Се вчитува...