Милевски ги стартуваше подготовките за мечот со Шпанија: Најдобрата селекција во Европа е голем предизвик за нас! (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија ги почна подготовките за продолжението од квалификациите за пласман на ЕП и пресметката во Скопје со Шпанија на 3. септември.

Селекторот Благоја Милевски е оптимист пред собирот верувајќи дека неговите избраници може рамноправно да се надигруваат со една од најдобрите светски селекции до 21 година.

„Најважно ми е фудбалерите да се здрави, а потоа секако се она што ни е неопходно да се спротиставиме на Шпанија ќе го договараме во од. Јас и претходно кажав дека, по промената на системот на УЕФА за пласман на ЕП, до крајот на овие квалификации целта ни е да освојуваме што повеќе бодови од секој натпревар“ – вели Милевски, и дополнува:

„Покажаа овие момци дека имаат квалитет да се спротистават и на можеби најдобрата селекција во Европа. Секако треба некои сегменти да се поправат за да соодветно одговориме на Шпанија“.

Се вчитува...