Македонската репрезентација, онака тивко, под силниот впечаток на огромната трагедија која ја ужасна Македонија денеска означија старт на подготовките за двата квалификациски натпревари за пласман на СП 2026 против Лихтенштајн и против Велс.
Селекторот Благоја Милевски денеска го означи првиот собир, а попладнево на теренот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје
„Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“ – порачаа од македонската репрезентација на денешниот свој прв тренинг низ подготовките за стартот на квалификациите за СП 2026 против Лихтенштајн.
Македонија против Лихтенштајн игра на 22. март од 15 часот во Вадуц, а Велс го пречекува во Скопје на 25. март од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА