Милевски: Не сум задоволен како изгледавме… Беше добар меч за гледање, но тактички…

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше 1-1 во контролниот натпревар против Финска кој се одигра вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот на Македонија, Боби Милевски по мечот вели дека е задоволен од некои работи, но има доста работи кои треба да се поправат пред евро квалификациите.

„Што се однесува до реализацијата повторно имавме проблем. Имавме многу шанси, но мора да поработиме на тој момент. Задоволен сум од одродени работи од играчите, но има и доста работи кои треба да ги поправиме до почетокот на квалификациите. Не сум задоволен од тоа како изгледавме денеска. Беше  добар меч за гледање, но има доста работи кои треба да ги поправиме. Нашата филозофија е да играме напаѓачки и со висок пресинг. Момците дадоа максимум и не можам да не бидам задоволен, но има многу работи кои треба да ги поправиме за да бидеме конкуренти. Ме радува враќањето на Несторовски. Имаше три до четири добри шанси за гол, но жал ми е што не постигна“, изјави Милевски. 

Македонија во недела ја очекува и вториот контролен ноемвриски меч на домашен терен протви Азербејџан, натпревар кој е со почеток во 14 часот.

Се вчитува...