Милевски: Одличен натпревар, но триумфот не треба да не занесе многу

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски не можеше да го сокрие задоволството по убедливата победа од 7-1 против Фарските острови на стартот од квалификациите за ЕП 2021.

„Мора да им честитам на фудбалерите за феноменалниот натпревар кој го одиграа. На терен исполнивме буквално се според договореното. И иако изгледа како лесен натпревар и лесна победа, воопшто не е така затоа што знаеме какви подготовки минавме за да дојдеме до оваа игра на терен, Но, искрено не очекував ваква висока победа“ – истакна Милевски по завршувањето на средбата, кој поради суспензијата од претходниот квалификациски циклус дуелот го следеше од трибините.

„Сепак, оваа победа не треба многу да не занесува. Ова е само почеток на квалификациите низ кои има уште многу да се игра. Верувам дека убедливиот триумф ќе биде само мотив повеќе за следните квалификациски дуели“.

Се вчитува...