Милевски: Ова се тестови за да се согледаат и сите слабости во играта, веруваме во позитивен резултат против Азербејџан

По ремито со Финска, македонската фудбалска репрезентација утре од 14 часот на арената „Тодор Проески“ ја очекува пријателската средба и со селекцијата на Азербејџан.

Дуелот со Азербејџанците ќе биде последната контрола на селекторот Благоја Милевски пред мартовскиот старт на квалификациите за ЕП 2024.

„Инсистирав на овој тип противници како Финска и Азербејџан за да максимално се подготовките за сит можни варијанти низ следниот квалификациски циклус. Финска е одлична европска репрезентација која доаѓа од вториот шешир селекции по квалитет во Европа, а Азербејџан е одличен колектив кој ќе ни овозможи уште еден квалитетен тест. Желбата е до стартот на квалификациите да се согледаат сите слабости во играта, и комплетно да се креира тимот кој ќе го понесе товарот“ – вели Милевски, притоа дополнувајќи:

„Промени во составот за утрешниот меч, во однос на оној против Финска, сигурно ќе има. Имаме добра анализа на противникот и сите во тимот веруваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат на утрешниот меч со Азербејџан“.

 

Се вчитува...