Милевски: За Адеми мора да најдеме замена

За селекторот Благоја Милевски, кој беше самокритичен на прес-конференцијата, поразот е заслужен, и покрај тоа што на 1-2, двапати Македонија ја погоди пречката.

Тој исто така кажа дека ќе мора да најдеме замена за Адеми, и дека на таа позиција ротираа многу играчи на последните натпревари.

„Не се битни пречките, ниту шансите, ниту полушансите во првиот дел. Тоа е на страна и не го споменувам, тоа не е. Со сите овие ротации кои ги правиме, а и во Лигата на нации, и тоа пробуваме на тие позиции каде што ни недостасуваат да се изротираат доста играчи. За жал свесно ги жртвував и Енис и Елиф на таа позиција кај Адеми. Додека не пронајдеме, не застануваме. Затоа и аспектот ни беше ставен во Лигата на Нации на тоа, и на овие два меча, добро е што се случи тоа денеска, и сосема заслужено“, рече Милевски.

Се вчитува...