Милик ќе биде замената за Игуаин во Јувентус

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, би можел да го засили актуелниот италијански првак Јувентус во летниот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“. Полскиот интернационалец ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го добие за мала отштета.

Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, смета дека Милик одлично би се вклопил во тимот заедно со Роналдо и со Дибала, а би бил и вистинска замена за Гонзало Игуаин, кој најверојатно ќе си замине од Торино.

„Наполитанците“ би биле задоволни со отштета од 35 милиони евра, а Јувентус ќе се обиде да намали уште малку од оваа сума до крајот на летото.
Милик оваа сезона одигра 16 меча за Наполи и постигна девет гола во Серија А.

Се вчитува...