Аркадиуш Милик го очекува нова долга пауза од терените по повредата што голгетерот ја Наполи ја заработи на последниот дуел против Спал. За жал, лекарските прегледи покажаа ново кинење на лигаментите на коленото. Единствената позитивна работа е што не станува збор за истото колено, па наместо пауза од околу девет месеци сега „наполитанците“ очекуваат полскиот гоглетер повторно да им биде на располагање по петмесечна пауза, или поточно во текот на месец февруари.
„Професорот Маријани од клиниката во Рим изврши комплексен хируршки зафат врз коленото на Милик, кој беше завршен со перфектна успешност. Очекуваме тој да се врати на терените на почетокот од 2018 година“ – порачаа од таборот на Наполи.
Наполи има перфектни шест победи од стартот на сезоната во Серија А, пред се благодарение на ударното трио Калјехон – Инсиње – Мертенс, но прашање е колку тренерот Сари без помошта на Милик ќе може да го ротира офанзивните играчи во отсуство на адекватни замени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА