Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во ПСЖ

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е пред официјален договор за трансфер во ПСЖ, пренесуваат француските медиуми.

Иако Лацио ја одби првата понуда во висина од 60 милиони евра од Французите, од ПСЖ најавуваат дека има договор со „лацијалите“ да ја прифатат нивната втора понуда од 80 милиони евра.

Србинот, пак, веќе ги договорил личните услови со ПСЖ според кое ќе добива плата од седум милиони евра годишно. Останува уште официјализирање на договорот меѓу ПСЖ и Лацио.

Милинковиќ-Савиќ изминатава сезона одигра 31 натпревар за тимот од Рим, запишувајќи пет гола дополнети и со седум асистенции.

Се вчитува...