Милинковиќ-Савиќ ќе го менува Погба во Јунајтед?

Се поизвесно е дека Пол Погба ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч, а „црвените ѓаволи“ неговата замена ја гледаат во српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат англиските медиуми.

Фудбалерот на Лацио беше желба на англискиот гигант и во минатото, но за неговите услуги италијанскиот тим бараше 120 милиони евра, но сега неговата цена на маркетот бележи пад па со издвоени 80 милиони евра, Манчестер Јунајтед ќе добие уште еден Србин во своите редови.

Сега 27-годишникот во Лацио пристигна во 2015 година од Генк во трансфер вреден 12 милиони евра, а оттогаш се наметна како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. Оваа сезона одигра 29 натпревари на кои постигна осум гола, а девет пати асистираше до своите соиграчи.

Се вчитува...