Милинковиќ-Савиќ негира дека има проблеми со Сари

Еден од најдобрите фудбалери на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, ги негира наводите во медиумите во Италија дека има нарушени односи со тренерот, Маурицио Сари. Последниов период се почесто се слушаат гласини дека луцидниот играч ќе биде ставен на трансфер листата бидејќи имал расправија со тренерот.

Сепак, фудбалерот на Србија даде своја изјава преку која нагласи дека тој и тренерот на тимот од Рим немаат никакви конфликти.

„Не ме интерсираат шпекулациите, не сум во никакви конфликти. Мојата желба е Лацио да победува“ – изјави Савиќ по вчерашниот триумф над Венеција.

Се вчитува...