„Милионерите“ го декласираа Нирнберг

Борусија Дортмунд влезе во фантастичен голгетерски ритам и на домашен терен го совлада Нирнберг со убедливи 7-0. Марко Ројс беше двоен стрелец, а мрежата на гостите ја тресеа и Ларсен, Хаими, Аканџи, Санчо и Вајгл.

Борусија Менхенгладбах го победи Ајнтрахт Франкфурт со 3-1, а Лајцпиг беше подобар од Штутгарт (2-0). Мајнц и Волфсбург ремизираа без голови.

Се вчитува...