„Милионерите“ го „торпедираа“ Вердер… (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше убедлива победа од 4-1 против Вердер во 29. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ и покрај тоа што дозволија гостите да поведат со погодокот на Рашица во 14. минута, потоа целосно доминираа на мечот за убедлив триумф.

Уште во првото полувреме стрелаа Рејна во 29. минута и Халанд во 34. и во 38. минута за 3-1.

Во второто полувреме, во 87. минута погоди и Хумелс за конечни 4-1.

 

Се вчитува...